Резултатите од Пржинскиот процес од аспект на новинарите се дополнително исплашени и новинари и уште е поголема офанзивата за отстранување на „неподобните“ новинари, кои досега успеваа да се одржат и покрај притисоците, е ставот на Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) за најновиот развој на медиумската сцена. ССНМ веќе нема да прифаќа дијалози и дебати со оние што работат против стандардите во професијата и отвара фронт за зголемување на членството.
– За блокираната сметка на МРТВ се сомневаме дека е дел од партиските игри во пазарењето кој ќе го преземе јавниот сервис, а цехот за тоа ќе го платат вработените. Наместо финансикса независност која ќе биде можна со зголемување на буџетот на МРТВ, како што бараа медиумските организации, јавниот сервис се држи во економско заложништво. Во такви услови – не очекувајте слободна и професионална информација. Нема да прифатиме никаков партиски пазар или ишарет од меѓународната заедница во кој луѓето со интегритет имаат ниска цена, рече Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.
Според сознанијата на ССНМ, се формира контра синдикат, а ССНМ е изложен на медиумска хајка и оцрнување и
– Бидејќи овој нов синдикат се формира со директна државна интервенција во некои медиуми таа е тивка и дискретна со ветување дека газдите ќе ја плаќаат членарината. Некаде е јасно условена со намалување на плати и бркање од работа, од позиција на сила сосема е јасно дека имаме работа со однапред смислена и поддржана офанзива која не се базира на принципи и вредности, туку на амбиција само да се прикаже бројност. Поради тоа ССНМ донесе одлука да влезе во кампања за членство и сите нови зачленувања во следните три месеци ќе бидат со симболична членарина, рече Чаусидис.
ССНМ со различни акции влегува во поддршка на Советот за етика и на сите медиумски организации кои се уште говорат за професионално новинарство наспроти пропагандата, како и сите медиуми чија уредувачка политика не го напуштила новинарскиот кодекс.
– Тргнуваме со широка акција за да изградиме широк фронт за враќање на новинарството на новинарите, а медиумите на граѓаните. Прашањето на новинарските стандарди и принципи да им се одземе на партиите и да се врати таму каде што припаѓа, во еснафот. Не дозволуваме ниту еден партиски центар да ни држи лекции по новинарска етика, рече Чаусидис.
Во рамките на оваа кампања на ССНМ се и билбордите што се истакнати во градовите низ земјата со порака „Заштити се“ и „Избери вистинска страна на новинарството“.
– Доста новинарите дсе дистанцираат и да гледаат од страна, затоа ги покануваме колегите да се спротивстават на она што се случува, ова е вистински момент тие да ја изберат вистинската страна на новинарството, рече Драган Антоновски од ССНМ.
А.Б.