ВИДЕО: Средношколскиот пленум со апел за поддршка на утрешниот протест

Од:

Средношколскиот пленум побара масовна поддршка за утрешниот протест. Објаснија дека најпотребна им е поддршката од родителите кои цело време се со нив за време на бојкотот на наставата.

Поддршка освен од професорите имале и од студентите. Порачаа дека нема да дозволат партиски обележја на утрешниот протест ниту партиски да бидат етикетирани.

Средношколците потврдија дека има притисоци врз нив да се потпишат пријавите за државна матура но голем дел од учениците се солидаризирале и оддолеале на притисокот.

Најавија дека најверојатно бојкотот на наставата во средните училишта ќе престане, а учениците ќе се договорат на кој начин ќе го изразат незадоволството во иднина.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците