ВИДЕО: Средношколците залудно го чекаа министерот Адеми, бојкотот продолжува

Од:

Претставници од Средношколскиот пленум денеска дојдоа пред Министерството за образование и наука за да го потсетат министерот Адеми дека се уште чекаат на ветената средба. Тие симболично дојдоа пред МОН, бидејќи и денеска, како и секој ден се јавувале во Министерството, но оттаму немаа одговор.

Оа е петти ден како средношколците од поголем број на средни училишта од Скопје и од другите градови од земјата ја бојкотираат наставата и по празниците не се откажуваат оваа мерка се’ додека не бидат слушнати нивните барања.

– Петти ден трае бојкотот и се уште не сме примени кај министерот, се уште трпиме притисоци, ни се закануваат со неоправдани, бркање од училиште и се прашуваме колку денови треба да трае нашиот бојкот за некој конечно не’ слушне и надлежните да одвојат еден час од нивното време за да не’ примат на средба, вели претставничка од Средношколскиот пленум.

Матурантите одбиваат да ги предадат новите пријави за полагање на државната матура, ги сметаат за невалидни, бидејќи, како што велат, законот не може да важи ретроактивно, а тие не се објавени ниту во Службен весник.

Средношколците надевајќи се дека нивните барања ќе бидат слушнати од Министерството, се уште не знаат како ќе се надокнадуваат часоите

– Знаеме само дека можат да се кзнат нашите родители, доколку ученикот не присуствува на настава континуирано 25 денови. Се надеваме дека бојкотот нема да продолжи до 25 денови и дека МОН ќе одвои 1 час за да не’ прими на дискусија и средба, вели Стефан Танков од Средношколскиот пленум.

Доколку оваа радикална мерка со бојкот на наставата не вроди со резултат, Средношколскиот пленум размислуа и за други форми на протест.

Средношколците кажуваат дека сега најголеми притисоци се вршат врз учениците од прва и втора година, бидејќи се помлади и поранливи.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците