(ВИДЕО) Средношколците од Струмица: Престанете да влечете во бездната во која вие тонете

Од:

Со протестен марш кој стартуваше од плоштадот „Гоце Делчев“, учениците од трите средни општински училишта во Струмица го изразија својот револт и рекоа НЕ за математиката на државната матура, но и за екстерното тестирање.

-Јасно и гласно кажуваме Не на непотребните тестирања и стресови. Дајте ни луѓе работилници, лаборатории, веродостојни книги напишани од доктори и академици, а не од луѓе блиски до вас. Дајте ни можност да се надоградуваме, оформуваме, кроиме и прекројуваме.

Дајте ни избор. Направете ни простор слободно да дишеме и престанете да не влечете во бездната во која вие самите тонете, порачаа средношколците од Струмица.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз