(ВИДЕО) Средношколците од Скопје, Куманово и Тетово гласаа за бојкот додека не се остварат нивните барања

Од:

Средношколскиот Пленум од 8 скопски средни училишта и од училиштата во Тетово и Куманово, попладнево ја изгласале одлуката да продолжат со бојкотот.

– Бојкотот на наставата го презедовме како најрадикална мерка пред се’ поради игноратскиот однос на Министерството за образование и наука. И покрај тоа што во два наврати ги доставивме нашите барања и не добивме никаков одговор. И протестните маршеви во повеќе градови не претставуваа доволен мотив Министерството да се изјасни за нашите барања и да не’ повика на средба. Како средношколци загрижени сме заради избрзаните реформи што допринесуваат за намалување на квалитетот на целиот образовен процес, вели претставник на Средношколскиот пленум од “Георги Димитров“

„Бојкотот ќе трае се’ додека наши претставници не бидат примени на средба со Министерот за образование и наука, која веќе долго време ни е ветување. Револтирани што и покрај сугестијата од Народниот Правобранител, Министерот .да не ислуша, тој сепак не игнорира , продолжуваме со присуство во училиште, а отсуство од настава. Покрај изјавата на господинот Адеми дека во неговата агенда нема простор за Пленумот, зачудувачки е како во агендата беше ослободен простор за унијата на средношколци за толку кратко време. Од овој бојкот може да се увиди дека масовноста е единствениот легитимитет кој му е потребен на Пленумот, бојкотирајќи го она што средношколската унија го договори со МОН.

Ние и нашите соученици секојдневно трпиме притисоци од професори, директори со заклучување на врати , истерување од училиштата и закани со педагошки мерки. Притисоците доаѓаат и од Д.П.И. Покрај побараната средба на родителите со инспекторатот, инспекторите веднаш ги напуштија просториите во коишто секојдневно се појавуваат и вршат контрола за време на бојкотот. Во секој случај, ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на нашите родители за нивната безрезервна поддршка за време на нашата борба. Најновите измени во концептот на матура кои предвидуваат задолжителна математика само за природно математичките смерови , иако не фигурираа во Службениот Весник на Република Македонија, стигнати се нови пријави во гимназиите , кои матурантите се принудувани да ги потпишат. Настрана од сите притисоци , мнозинството матуранти решија да не ги потпишуваат новопристигнатите пријави , сметајќи ги за уште една замка од страна на надлежните органи.

Јавно изјавуваме дека имаме став , а немаме страв и не се откажуваме во нашата борба за подобро средно образование“, стои во соопштението на Студентскиот пленум од гимназијата „Орце Николов“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците