Испровоцирани од понижувачкиот однос на вицепремиерот, Владимир Пешевски, средношколците го исмеаја со песната „Едно име имаме“. Пешевски оваа песна ја пееше од говорница на митингот што ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Штип минатата недела. Како што рече тогаш, со песната ќе покаже како се сака Македонија.
На последната средба во МОН, Хелсиншки комитет јави дека Пешевски ги омаловажувал претставниците на средношколците велејќи им дека знае кој ги праќа.