(ВИДЕО) Средношколци сведочат: Ни се закануваат и со полиција, не’ буткаат со сила

Од:

Денеска беше тензично во скопската гимназијата „Јосип Броз – Тито“, средношколците сведочат дека имало буткање со намера со сила учениците да се натераат да влезат во училниците и да следат настава. Тие кажуваат дека утрово во гимназијата имало и крим полиција, бидејќи имало дојава за нелегални активности

– Имаше крим полиција, ни беше пријавено дека е снимано од вториот кат во аулата. Најмногу притисоци има од страна на персоналот. Професорите се закануваат и ги уценуваат учениците бојкотот да се одржи во училниците, а во спротивно ќе им запишат неоправдани отсуства од часовите. Им забранувале да стојат во аулата, дури им забранувале да одат во ве-це и не биле пуштани од училниците за време на мал одмор, вели Ѓорѓи, член на Средношколскиот пленум

Утрово за време на првата смена на прва и втора година, професорите во гимназијата се обиделе да ги задржат учениците

– Професорите, по наредба на директорката се обиделе да ги задржат учениците во училниците, вели средношколка.

Ученици, пак кои сакаат да останат анонимни велат дека имало и буткање од некои професори со цел со сила да ги внесат учениците на настава.

Средношколците од гимназијата „Георги Димитров“ велат дека професорите им вршеле притисок да ги потпишат пријавите за државна матура и ги убедувалее дека доколку не го сторат тоа веднаш, ќе бидат оневозможени да полагаат матура и да се запишат на факултет.

Им било кажано дека заради неоправданите отсуства нивните родители ќе плаќаат глоба.

– Сите треба да разберат дека ние сме ученици, нас не не’ интересира политика, не’ интересира образование. Секојдневно ни вршат притисоци. Ни говорат дека ќе се каеме, но ние нема никогаш да се покаеме, вели матурант, член на Среношколски пленум.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз