(ВИДЕО) Средношколци: Ни се закануваат дека ќе останеме без матура, но ќе истраеме

Од:

Средношколците најавија трет протестен марш против, како што велат лошите реформи во образованието. Претставници на Средношколскиот пленум, денеска пред Министерството за образование и наука, потврдија дека на 24 април, ќе имаат поддршка и од Студентскиот пленум и од Наставничкиот пленум, како и од голем број родители.

– Ќе истраеме до крај во оваа наша борба, која трае веќе два месеца. Овој трет протестен марш го организираме заради игнорантскиот однос што МОН го има кон нас среднопколците. Ние повеќе од 10 дена секој ден се јавуваме во министертвото и никој не крева слушалка.Сите не’ одбиваат, не сакаат да се сретнат со нас да седнеме на маса и да ги соочиме нашите и нивните аргументи и така да постигнеме резултат, вели Александар Милевски од Средношколски пленум.

Средношколците бараат да се стави во мирување законот за екстерно тестирање и да се врати стариот начин на полагање државна матура, бидејќи со новиот концепт средношколците полагаат вкупно 7 пати, писмено и електронски. Матурантите бараат четирите предмети од матурата да се полагаат во еден дел и да не се делат на писмено и електронско полагање.

Првите два марша и бојкотот на наставата на средношколците беа проследени со големи притисоци, заклучувања на вратите од училиштата, закани дека родителите ќе им останат без работа и слично.

„Срамете се од себе господа. Бојкот на наставата, маршеви и протести. Зарем толку сте слепи“, стои во повикот на средношколците.

Средношколците велат дека сега се појавуваат и нови закани и притисоци.

– Ни се закануваат дека ако не ги потпишеме пријавите за државна матура нема да полагаме државна, туку училишна матура, дека нема да ни важат проектните задачи што се дел од државната матура, дека ќе има само еден рок за полагање матура и тоа во август и ако некој падне во тој рок ќе треба да чека цела година, вели Милевски

За екстерното тестирање има големи технички пропусти, системот паѓа, некој прашања не се појавуваат, некои одговори воопшто не се појавуваат, а ако некој на тоа тестирање добие слаба оцена, односно единица – таа се заведува во сведителството и тоа станува невалидно.

Учениците, професорите, родителите и граѓаните што ги поддржуваат во четврток ќе тргнат од Градскиот парк ќе маршираат кон Владата, а ќе завршат пред Министерството за образование и наука.

– Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски, Пленумот е формиран од средношколците за средношколците, одговараат пленумците на прашањата дали се партиски злоупотребени.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците