(ВИДЕО) Средношколци до Адеми: Не’оставате да чекаме во небезбедни услови

Од:

Средношколците кои веќе две недели спијат на отворено, на дожд и во небезбедни услови спроти зградата на МОН, денеска попусто го чекаа министерот Адеми кого во петокот го поканија да дојде кај нив во кампот.

Тие изразија сочувство до семејствата на загинатите полицајци и нема да ја блокираат улицата пред МОН заради денот на жалост.

– Денеска го повикавме министерот да не’ посети во кампот и да се поразговара за средба, бидејќи на претходните всушност не беше постигнат компромис. Не прифативме само за оваа година да се полага матура според стариот концепт, бидејќи и помладите генерации бојкотираат и не се согласуваме истото да им го направат како на нас, неколку месеци пред матура да им го соопштаат концептот според кој ќе полагаат.

За екстерното тестирање во МОН рекоа дека нема да има компромис, иако самите изјавија дека екстерното има грешки, односно недостатоци кои што треба да се поправаат. Доклолку се свесни за тоа, дефинитивно треба веднаш да сториме нешто за да тоа го промениме, бидејќи образованието е процец во кој што не смееме да дозволиме недостатоци. Токму поради тоа ние остануваме тука и продолжуваме со бојкотот на наставата.

Апелираме до МОН и заради настаните во земјата кои се закана за безбедноста на сите, па и на нас тука, да не дозволува ние тука сами да остануваме, бидејќи нашиот став е дециден – ние остануваме тука и ќе останеме се’ додека не сфатат дека ние говориме за едно подобро образование, рече Моника Пешевска од Средношколскиот пленум.

Неофицијално, ноќта во саботата, кампот на средношколците го надгледувале полицајци Алфи. Изминатата ноќ, родителите што дежураат не виделе полицајци да го обезбедуваат кампот.

Инаку, денеска учениците на смени одат во училиште, по еден или два дена, за да немаат 25 денови отстуство, потоа пак продолжуваат со бојкотот на наставата. На учениците, покрај закани, сега од некои професори, им се ветувало дека ако продолжат со настава, нема да им се бројат неоправданите отсуства.

А продолжуваат и заканите. Во едно училиште директорот на учениците им се обратил со зборовите „Глави ќе летаат“.

И наставниците што ги поддржуваат средношколците трпат притисоци. Професори сведочат дека нивни колеги ги снимале со мобилни телефони, а потоа снимките ги давале на директорите.

Досега околу 17 илјади граѓани се потпишале на петицијата за поддршка за средношколците.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците