ВИДЕО: Среден прст од студентите за Сител и Курир

Од:

Изреволтирани од постојаните политички етикетирања студентите покажаа среден прст за сите медиуми кои ги заокружуваат на секој протест против екстерното тестирање или по ново државен испит.

Раперот Џака Накот ги повика студентите да покажат среден прст, за „куририте“ да имаат што да заокружуваат.

Џака Накот испеа неколку песни кои искажуваат незадоволство од актуелното функционирање на системот.

Едно од прашањата кои ги постави е за кого ќе бидат гумените куршуми кои полицијата со измените на законот полицајците ќе смеат да ги користат.
Џака Накот на студентите им порача да бидат истрајни во она за што се борат, иако наидуваат на политичари кои се глуви.

Една од работите за кои раперот искажа револот е придонесите за хонорарите кои директно ги погодуваат сите уметници.

Би можело да ве интересира

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски