(ВИДЕО) Средба Шекеринска-Матис: Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО

Од:

Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат државата запрена пред вратите на Алијансата. Ова беше речено на официјалната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Пентагон.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Матис на почетокот од средбата потсетил на зборовите на министерката Шекеринска на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, за предизвиците со кои се соочува Западот.

– Бевте убедлива и Вашите зборови доминираа во дискусијата, силно потсетувајќи не на нашата одговорност да ги одбраниме демократските вредности, соопштил Матис.

Тој посочил дека САД ги ценат обврските кои Македонија ги презема како партнер на НАТО – испраќањето на војници во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, придонесот кон коалицијата за пораз на ИСИС како и решителната одлука да се издвојуваат 2 отсто од БДП за одбраната.

– Ние ги цениме вашите напори. Тие ја афирмираат одлукатa на НАТО во Букурешт во 2008, Македонија да добие покана за членство „веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение на прашањето за името“ со Грција. Ја поздравуваме вашата работа со Грција на разрешувањето на ова прашање и се надевам дека наскоро ќе има резултати. Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО. Денешната безбедносна состојба бара дух на пријателство меѓу сите оние кои се залагаат за слобода, основни човекови права и владеење на правото, нагласил Матис.

Министерката Шекеринска се заблагодарила за цврстата поддршка што Македонија ја добива од САД и изразила уверување дека Македонија е подготвена за членство во НАТО.

– Ние брзо се опоравивме од долгата политичка криза и по еден силен реформски залет, на нас се гледа како на извор на надеж на Балканот. Започнавме важни одбранбени реформи и го зголемивме нашиот придонес во мисијата предводена од НАТО во Авганистан. Докажавме дека сме посветен и сигурен партнер. Наша цел е да бидеме и таков сојузник. Затоа, дозволете ми да ја побарам вашата поддршка како стратешки партнер на нашето членство во НАТО. Поканата за Македонија во јули годинава ќе не поддржи во нашата стратешка цел, ќе му помогне на регионот во градењето на долготрајна стабилност и ќе ги зголеми влијанието и подготвеноста на САД и НАТО, соопштила министерката Шекеринска.

Ова е прва средба на министри за одбрана на Македонија и САД по шест години, а се реализира во клучен период, на само два месеци од Самитот на Алијансата во јули во Брисел.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on