ВИДЕО: Сред пандемија и полициски час, МВР снима спот пред СП Борис Трајковски

Од:

Над педесетина полициски возила се поставени на паркингот на Спортскиот центар Борис Трајковски, со вклучени ротирачки светла, а присутни се и повеќе полициски службеници. Неофицијално, за време на полицискиот час додека улиците на Скопје се празни, пред платото на салата се снима спот од страна на Министерството за внатрешни работи. Нема информации за која намена и по чија наредба се снима спотот, но и која е итноста за негово снимање во сред пандемија со коронавирусот.

Со оглед дека во спотот се вклучени повеќе видови на возила со кои располага МВР, останува непознато, дали и хеликоптерот кој се преврте откако наполнил гориво, требало да учествува и во снимањето на спотот за МВР или само имал тренажен лет како што објави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Од МВР засега нема потврда дали навистина се снима спот за кој се трошат ресурси на министерството, за време на кризата со коронавирусот, ниту пак, која е итноста тој да се реализира токму сега. Оттаму, молк и за тоа кој го снима и колку пари ќе се исплатат за оваа намена.

„А1он“ се обрати и до техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за одговор дали тој издал наредба да се снима спотот, како и, дали тој учествува во него. Тој досега не одговори на нашите прашања. Техничката заменик-министерка Славјанка Петровска, пак, во изјава за „А1он“ се оградува од оваа активност.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он