(ВИДЕО) Србов: Злоупотребата на институциите во моментов е идентична со најмрачните периоди на комунизмот

Од:

„Веќе трет ден во болница се наоѓа независниот кандидат за градоначалник на Кичево, Алит Абази кој беше застрелан на 27-ми септември. Во нападот беа застрелани уште две лица помеѓу кои и неговиот шеф на изборниот штаб. Подземјето поттикнато од политиката на Заев започнува се побрутално да се пресметува со луѓето од спротивниот табор. Тоа е атмосферата во која се одвива оваа изборна кампања. Истата е извалкана со крв и инциденти уште во првата недела. Престрелки и повредени се бројат после само неколку дена кампања.

Злоупотребата на институциите која се случува во моментов е идентична со најмрачните периоди на комунизмот кога политичките неситомисленици ги голтал мрак по налог на партијата.

Република Македонија памети порегуларни и подемократски избори дури и во 90-те години. Наводните борци за демократија се справуваат со политичките противници на сталинистички начин.

На 23-ти септември беше извршен вооружен претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Алфи му вперија пиштол во глава на среде улица пред политички митинг и што е најважно без причина. Одговорност никаква!

На 25-ти септември беше демолиран штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Виновникот не е најден! Одговорност нема!

На 27-ми септември беше демолиран штабот на Демократската партија на Србите на Стоилковиќ. Виновникот не е најден! Одговорност повторно нема!

За сите овие инциденти, институциите молчат!

Злоупотребата на институциите оди дотаму, што во рок од еден месец се поднесоа кривични пријави за 7 градоначалници и кандидати за градоначалници. Ваква политичка хајка од толкави размери не била забележана ниту во најмрачните режими од минатиот век.

Само во овие 10-тина дена на удар се сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Се злоупотребуваат институциите за да пишуваат политички монтирани пријави и пресуди. На удар беа: Маријан Ристески градоначалникот на Прилеп. Славчо Чадиев градоначалник на Велес, Ванчо Апостолов градоначалникот на Неготино, Илчо Захариев градоначалникот на Штип, Арсенчо Алексовски градоначалник на Крива Паланка и Блажо Велков градоначалникот на Ново Село.

Ова не е фер и демократска изборна атмосфера. Ова е класична злоупотреба на власта која мора да биде сопрена и за која мора да има одговорност.

Демонстрацијата на сила, беззаконието, самоволието и владеењето на подземјето, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прекине после 15-ти октомври кога ќе се случи падот на оваа нелегална и недемократска власт“, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања