(ВИДЕО) Србов: Укинувањето на наградата „23 Октомври“ е погазување на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена држава

Од:

„На вчерашната седница на влада, по предлог на министерството за култура, била донесена одлука за укинување на наградата „23 Октомври“ која беше воведена во 2007 година. Истовремено, 23 октомври беше прогласен и за државен празник во Република Македонија.

Ова укинување на државната награда „23 Октомври“ е резултат на долгогодишно деградирање и исмевање од страна на СДС со „Денот на македонската револуционерна борба“ кој го одбележуваме на еден од најсветлите датуми во македонската историја.

На 23 октомври 1893 година во градот Солун била создадена Македонската Револуционерна Организација. Од тој ден, започнал најорганизираниот облик на борба за создавање македонска држава. 23 октомври и Македонската Револуционерна Организација се фундаментот на целокупната борба на македонскиот народ за создавање на сопствена држава. Без овој ден и овој чин, ние денеска немаше да постиме ниту како држава, ниту како народ.

Историјата е децидна, без 23 октомври немаше да постои ниту 2 август 1903, ниту 2 август 1944 (АСНОМ), ниту пак ќе постоеше 8 септември. Овие четири датуми се сврзани садови зависни еден од друг. Бришењето на само еден од нив е бришење, не само на историјата, туку и на Република Македонија како современа европска држава.

Од самото прогласување на 23 октомври за државен празник СДС на истиот му придодаваше идеолошки и партиски карактер, го исмеваше и бојкотираше. Укинувањето на државната награда „23 Октомври“ не е некаква си одмазда против ВМРO-ДПМНЕ како што се надеваат нашите политички опоненти. Укинувањето на „23 Октомври“ е погазување на целата револуционерна борба на македонскиот народ и на илјадниците жртви за Македонија. Ова е исмевање и погазување на отпорот и борбата на илјадниците Македонци кои се бореле против окупатори и режими, ова е против сите оние кои лежеле и умирале во затворите за слободна и независна Македонија, како и за нивните потомци и фамилии.

23 октомври е ден кога е создадена Македонската револуционерна организација, тоа не е ден на политичка партија, но никој, ама баш никој не може да го негира континуитетот во идејата на ВМРО-ДПМНЕ кој го влече од историското ВМРО.

Планот на Заев за ревидирање на македонската историја веќе се спроведува. Укинувањето на наградата „23 Октомври“ е симболичен почеток на бришењето на нашето минато и на нашите предци“, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски