(ВИДЕО) Србов: Неуставна одлуката за поништување на решенијата за референдуми

Од:

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз продолжува да носи одлуки спротивно од Уставот на Република Македонија.

Институциите под контрола на Зоран Заев уште еднаш покажаа дека се подготвени да го погазат Уставот, да ја погазат демократијата. Државниот инспекторат за локална самоуправа под налог на Заев донесе скандалозна одлука за да го попречи одржувањето на референдумите во општините по прашањето за отворање на кампови за мигрантите.

Според член 2 од Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта, ја остваруваат преку демократски избрани претставници, и ја остваруваат и директно преку референдум, граѓанска иницијатива и други облици на непосредно изјаснување.

Согласно член 5 од Законот за локална самоуправа, правото на локална самоуправа граѓаните го остваруваат непосредно преку референдум и граѓанска иницијатива. Според член 54 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

За законитоста за одредени прашања може само да одлучува Уставниот суд на Република Македонија и оттука инспекторатот за локална самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините.

Затоа единственото објаснување за оваа недемократска одлука е стравот кај Социјалдемократскиот сојуз од сопствениот народ и од неговото мислење.

За ова потценување на својот граѓанин, СДС својата заслужена казна ќе ја добие на 15-ти октомври“, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус