(ВИДЕО) Срамота: Антикорупционерите побегнаа, немаат одговори за „бомбите“

Од:

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Миленков, денеска на прес конференција одби да одговори на новинарски прашања за тоа дали ќе постапат и што ќе преземат во врска со откриените наводи за криминални злоупотреби од страна на функционери на власта во снимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

По неколку поставени прашања, тој заедно со останатите членови на Комисијата ја прекинаа прес конференцијата и избегаа кон своите канцаларии.

– Дали имате отворено случаи по основ на сниките што ги објави опозицијата, тие се околу 40-тина на број и во тие снимки имавме прилика да слушнеме вмешаност на министри и на самиот премиер во навистина големи коруптивни скандали, купување на плацеви, местење на тендери во РЕК Битола, со милионски суми, некои документчиња за кои знаеме дека се пари, итн, праша новинар

– Нема да коментирам случаи што се во судска процедура, рече Миленков

– Никој не ве прашува да коментирате судски постапки, дали ќе постапите по допрен глас?

– Господине, вие се државна институција вие сте платени од буџетот на РМ и вие сте платени да истражувате криминал и корупција, на снимките слушаме дека самиот премиер е свесен дека пратеници од владејачката партија екетирале цели градови, Куманово и Струмица биле рекетирани од пратеници од власта, вие нема ли тоа да го истражите?

Откако Миленков на новинарот повторно му одговори дека нема да коментира случај во судска процедура

– Во ред, еве еден случај што не е во судска процедура: Дали за вас како Комисија не е скандалозно тоа што владејачката партија направи објект од 20 милиони евра, тоа не е ли корупција? прашува новинар

– Има ли други прашања, вели Миленков и си заминува.

Претходно, на прашање како го коментира фактот што Комисијата се занимава само со форма, но во нејзините активности нема суштински постапки за сузбивање на корупцијата во државата, дека има улога на статист, што ја става главата во песок, дека е невидлива и нефункционална
Миленков одговори:

„Со самото тоа што ве повикавме на прес конференција се гледа дека работиме транспарентно, а ова останатото е е вашата перцепција“

Откако првиот човек на Антикорупциска, Миленков и другите членови се упатија кон своите канцеларии, новинарите повикуваа да се вратат бидејќи имаат уште прашања.

А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото