ВИДЕО: Спречен поголем инцидент во Октиси

Од:

Во струшко Октиси попладнево е мирно, двете страни мирно се разотидоа откако градоначалникот на Струга, Зијадин Села, Владиката Тимотеј, Муфтијата на ИВЗ во Струга и министерот за локална смоуправа Тахир Хани се договорија на заедничка средба во петок да се обидат да најдат решение за проблемот.

Владиката Тимотеј при пристигнувањето во Октиси иако беше поздравен од верниците од православна вероисповест, со свирежи беше пречекан од граѓаните со муслиманска вероисповест кои го имаа целосно блокирано местото каде што денеска требаше да се постават темелите за изградба на црквата Свети Димитрија.

Во Октиси имаше и големо полициско обезбедување, на влезот од селото се легитимраа сите возила и лица кои сакаа да влезат во селото, а беше присутен и началникот на охридската полиција. Во еден момент за малку ќе дојдеше до поголем инцидент, но полицијата успеа да ги спречи двете страни физички да се пресметаат иако ситуацијата водеше кон тоа.

Како што кажуваат жителите, локалниот оџа утрово преку разглас од селската џамија ги повикал жителите Муслимани да излезат на сред село и да го спречат поставувањето на камен темелник за изградба на црква иако жителите Македонци тврдат дека некогаш на истото тоа место постоела црква.

oktis

Дозволата за градба на црквата важи до 30 септември, па православните верници се плашат дека црквата воопшто нема да биде изградена и дека на крај ќе бидат изиграни. Ова директно му го посочија и на градоначалникот Села, но и на владиката Тимотеј.

Православните верници велат дека црквата ќе биде изградена, додека Муслиманите тврдат дека никогаш тоа нема да го дозволат, пеејќи верски песни кои се слушаа низ целото село каде се поставени верски знамиња.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Жителите на струшко Октиси: Не дозволуваме сеча на шумата околу изворите, ќе ги браниме со жив штит

Божиновска: Комисијата никогаш не спомнала трампа на верски објекти во Октиси и Прилеп

Емир Латифовиќ

Божиновска: Градежните работи започнати во Октиси се согласно законите и урбанистичкиот план

Ана Ололовска

Јанкулоска: Дијалогот е единствен начин за надминување на проблемот со изградбата на црква во Октиси

Ана Ололовска

Тимотеј е оптимист дека по смирување на страстите ќе започне изградбата на црквата во Октиси

Ана Ололовска

Нов обид за надминување на проблемот со изградба на црква во Октиси

Ана Ололовска