(ВИДЕО) Спиревска: Ние судиите сме независни, ќе бидеме отпорни на политички влијанија

Од:

Утрово во Собранието пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, свечена заклетва дека ќе работата според законите, Уставот и меѓународните договори дадоа новоизбраните членови на Судскиот совет.

Судијката од кривичниот суд во Скопје, Гордана Спиревска, даде изјава во име на сите избрани членови. „Ние судиите сме независни. Ќе бидеме отпорни на политички влијанија. Јас лично ќе бидам отпорна на политички влијанија“, рече Споревска. Новата членка на Судскиот совет рече дека професионалноста и стручноста, а не роднинските врски ќе бидат клучни при изборот и унапредувањето на судиите.

За членови на Судскиот совет беа избрани: Киро Здравев од Врховниот суд, за кого сè уште има постапка за утврдување одговрност пред Судскиот совет, судијката од кривичниот суд, Гордана Спиревска, Зоран Теофиловски, зет од сестра на досегашната членка на Советот Александра Зафировска, која го брифираше Груевски за изборот на судии и поранешен заменик-министер за правда. Во изборот влегоа Лорета Ѓоргиева од Струмица од апелационото подрачје Штип, и младиот Мирсад Суроји кој е избран за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги