(ВИДЕО) Спасовски: Заедно ќе ги смениме во декември

Од:

Заедно од тука од Прилеп да ја пратиме пораката на сигурни промени во Република Македонија!

На враќање на слободата и демократијата, на борбата против криминалот и корупцијата што ја јадат Република Македонија.

Ова се пораки коишто личат да бидат пратени, токму одовде од Прилеп, пораки коишто треба да се испратат до сите градови, до сите села во Македонија и до секој граѓанин на Република Македонија, којшто размислува за иднината на својата држава.

Токму вие, членовите и граѓаните на Република Македонија бевте силата, енергијата, мотивот којшто го црпевме, целото раководство на Социјалдемократскиот сојуз, во желбата да се избориме за подобра, попросперитетна и подемократска Република Македонија, рече генералниот секретар Оливер Спасовски, вчеравечер на Трибината до граѓаните во Прилеп.

И затоа направивме се право да се дознае вистината за оваа криминална власт, да ги разголиме до гола кожа, и Груевски, и неговите соработници од злосторничката банда, да покажеме дека не вредат ништо за Република Македонија, да побараме поддршка од сите граѓани на Република Македонија, заеднички да ги промениме состојбите во државата.

И тоа `се сакаме да го направиме по мирен пат, достоинствено, со многу трпение, само, и само да не се пролее, ниту една капка крв. Затоа што за Груевски и за неговата банда, не вреди, ниту еден човек да биде повреден, а не да даде и живот. Затоа што сум убеден дека преку вакви средства, преку истрајноста, преку упорноста, преку енергијата којашто ја имаме, ќе ги смениме.

И тоа многу скоро ќе ги смениме во декември, кога ќе се одржат изборите!

И тоа е клучната работа заради што се нафативме да седнеме на преговарачка маса. Иако постојано говорат за тоа дека направило СДСМ, отстапки. Да, се согласувам, најголемата отстапка што ја направивме е тоа што седнавме да преговараме со Груевски и со неговите криминалци, ама заради интересот на граѓаните на Република Македонија, и таа жртва ја прифаќаме.

Главната цел беше да се обезбедат фер и демократски избори, слободани избори, такви избори какви што Груевски не посакува. Такви избори, на коишто Груевски нема шанси да победи и такви избори на коишто Груевски не би победувал и многу порано, ако не ги лажирал, ако не ги уценувал граѓаните, ако не креирал Избирачки список како што му одговара и на тој начин ја фалсификувал волјата на сите граѓани на Република Македонија.

На Македонија и се потребни час поскоро избори, секоја секунда власт на ВМРО ДПМНЕ и на Груевски е штета за Македонија!

Секоја секунда значи нова пљачка за граѓаните на Република Македонија. Затоа мораме што поскоро тоа да го стопираме. Меѓутоа не по секоја цена.

Вториот сегмент е регулација на медиумите, јас знам дека со носење на кој било закон, ние не можеме да постигнеме цел, во којашто ќе видиме како Латас ќе го фали Социјалдемократскиот сојуз, и искрено да ви кажам не посакувам. Меѓутоа едно сум сигурен и тоа ќе го направиме и го направивме низ преговорите. МРТВ да биде ослободена, да биде гласило на сите граѓани на Република Македонија, заради тоа што сите ние плаќаме, секој граѓанин на Република Македонија дели од сопствениот буџет за да има финансирање на МРТВ.

И затоа сега се оправдани стравувањата на Груевски и на неговата компанија од тоа дека некој ќе одговара во Република Македонија. И од тука им го зацврстувам стравот.

Да, треба да се плашите заради тоа што ќе одговарате за сите зло дела што ги направивте на граѓаните на Македонија!

И пазарења нема во тој дел, затоа што нема човек, тргнувајќи од претседателот Заев, па се до секој член на опозицијата што може да прифати каква било амнестија за кого било во Република Македонија што се огрешил од законот, кој направил штета на граѓаните на Република Македонија, кој учествувал во овој геноцит што и се случува на Македонија со иселувањето на младите од Република Македонија.

И, најважно од се. Мораме да обезбедиме добри кадри кои ќе ја преземат одговорноста за оваа држава. Мора да дадема шанса за младите, образованите, искусните, чесните и одговорните луѓе!

Да не се плашиме, заради тоа што, ако некој треба да се плаши тоа е Груевски и ВМРО- ДПМНЕ. Заради тоа што тие направија криминал и зло дела во Република Македонија.

Ние само треба да бидеме мотивирани, храбри, единствени и да ги победиме, да ги победиме, и да одговараат за Македонија. Да ги победиме за да ги смениме работите за Македонија. Да покажеме дека Македонија може поинаку од тоа што беше до сега. Да покажеме дека заедно ќе се избориме за младите луѓе во Македонија!

Би можело да ве интересира

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов