(ВИДЕО) Спасовски: Во наредните денови ќе одлучиме како ќе постапиме

Од:

Опозициската СДСМ не соопшти дали ќе ги вратат освоените пратенички мандати иако тоа за денеска го најави лидерот Зоран Заев.

Генералниот секретар Оливер Спасовски, не даде прецизен одговор на новинарските прашања дали и кога мандатите ќе бидат вратени откако неговата партија вечершниот изборен ден го оквалификува како системска кражба.

Иако дел од новинарите инсистираа на одговор, Спасовски не кажа прецизно кога партијата ќе одлучи.

Најави дека во наредните неколку дена ќе се знае одлуката и таа ќе биде јавно соопштена.

„За сите понатамошни постапки органите на партијата ќе донесат одлука како ќе постапуваме во иднина“, рече Оливер Спасовски.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага