(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Од:

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денес реагираше во собраниската седница откако власта најгрубо ја крши демократијата, не дозволува дебата и носи закони по итна и скратена постапка.

– Она што ни се случува денес во Собранието и ваквиот начин на функционирање, каде што во моментот ги добиваме точките на дневен ред и не известуваат во собраниските служби, и во ист тој момент се става на дневен ред, тоа го нема во ниту едно слово во деловникот, ниту пак може да се оправдаат ваквите постапки. Мислам дека и потпретседателот и претседателот на Собранието, или кој се учествуваат во креирањето на ваквите седници се однесуваат како целосно суспендирање на парламентот и на дебатата во парламентот. И ова е неприфатливо, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој потенцираше дека најголемиот дел од законските текстови се однесуваат на усогласувањето со законот на организацијата и работа на органите на државната управа и станува нејасно, како може, министрите, замениците министри, службите, да не знаат дека тоа усогласување треба да го направат до 31. декември.

– И денес по итна постапка, по скратена постапка, сите закони треба да се донесат. Баш денес ли гори, и сега ќе мораме да ги донесеме. Мислам дека ваквиот однесување не треба да се толерира посебно од оние коишто доаѓаат овде ни делат лекции во парламентот за демократија, а на ваков начин се однесуваат и не стават сите во позиција во којашто целосно го рушиме нашиот систем на парламентарна демократија. Доколку власта смета дека не треба да има никаква дебата или парламент, дајте тогаш да не трошиме ниту пари на граѓаните, ниту ресурси, ниту време. Нека си измислат некој друг начин во кој ќе ги носат законите, повикувајќи се на тоа дека имаат парламентарно мнозинство и дека тоа треба така да се прави, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација