(ВИДЕО) Спасовски: Со парите за медиумска пропаганда можеа да се решат многу проблеми  

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со Петар Атанасов,  претседател на Комисијата за образование и Едмонд Адеми,  член на  извршниот одбор денеска се помеѓу граѓаните на Кочани и кочанско.


 
На средбите се разговараше за проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, како и за актуелната политичка ситуација во земјава.
 
Граѓаните на Кочани и кочанско се пожалија на тешкото секојдневие и потенцираа дека иселувањето на младите, сиромаштијата, невработеноста, како и лошата инфраструктура се главните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните од овој регион.
 
-За вашите реални проблеми нема место на провладините медиуми, затоа што тие се платени да ги шират лагите на Никола Груевски, рече Спасовски.
 
-Дури 20 милиони евра завршиле во провладините медиуми за само три години. Со 20 милиони евра се решаваат многу проблеми. Еве и тука кај вас, инфраструктурата може да се подобри, многу работи може да се решат. Само со овие 20 милиони евра можеа да се отворат 4 фабрики и да се вработат 4 илјади граѓани. Наместо за решавање на проблемите на граѓаните и отворање на нови работни места, 20 милиони евра отидоа за пропаганда и нарачани прилози, рече Спасовски.
 
СДСМ има тим, има знаење и има решенија во Програмата за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Промените ќе се случат на слободни, демократски, фер избори, на коишто ќе биде почитувана слободната волја на граѓаните, рече Спасовски. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“