(ВИДЕО) Спасовски: Секој ден по две три глупости се случуваат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес конференција кажа дека не држат обвинувањата како опозицијата е виновна за ситуацијата во државата.

-Целиот овој период се изнаслушавме лаги за тоа колку опозицијата е виновна за сите состојби во државата. Тоа може само да го направи една непресметлива власт којашто нанесе сериозни штети на Република Македонија. Власт којашто не знае за одговорност, ниту пред себе, ниту пред граѓаните на Република Македонија, и за сите негативни појави, ја обвинува опозицијата. Вие бевте сведоци на каков начин се спроведуваат изборите во Универзитетот, рече Спасовски.

-Како студентите не одлучуваат, таму не гласаа студенти, таму избори не спроведуваа студенти. Гласаа и избори спроведуваа луѓе од ВМРО ДПМНЕ, дојдени од надвор потпомогнати со полицијата. Сега прашувам кој треба да ги организира луѓето коишто се гневни од начинот на којшто се руши системот на државата? Тоа е клучното прашање. Никола Груевски, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, не можат да сфатат дека рушењето на системот ги обединува граѓаните против режимот коишто го руши таквиот систем. Неколу пати упатувам порака дека колку порано ќе разберат дека тие се клучните виновници, и колку порано ќе се свртат кон себе, толку подобро и за нив, и за Република Македонија, кажа Спасовски.

Имаме пораки од Аиво Орав и од амбасадорот Џес Бејли, околу спроведувањето на Пржинскиот договор, брзо продолжување на преговорите, а и дургата недела треба да дојде и германскиот пратеник Хајндл. До каде сме во преговорите и има ли шанска да се прифатат препораките и сугестиите на меѓународните претставници?

Прво сакам уште еднаш да го повторам нашиот став, дека мора да се создадат услови за фер и демократски избори на коишто граѓаните ќе можат, самостојно и слободно да одлучуваат. Дали имаме можности, дали има време, дали има решеније на кризата во наредниот период, тоа е можно само доколку има политичка волја, а политичката волја треба да ја имаат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Оние коишто постојано ги опструираат сите преговори или којшто постојано работат на рушење на секој договор којшто ќе биде постигнат меѓу политичките субјекти. Ако се подготвени да заеднички ги спроведеме сите зацртани работи и ги отстраниме недоследностите во Избирачкиот список, ако направиме реформи во медиумите и на тој начин создадеме можност за формирање на техничка Влада, којашто ќе ги спроведе изборите и ќе гарантира доследност на тие избори, ние тоа можеме да го направиме за многу кратко време. Меѓутоа тука одлуката е во рацете на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

И нема веќе можност да се затскрие и да бега зад таа одлука. Треба да покаже дали е за решеније на кризата или повторно и повторно ќе сака да одолговлекува. Она што се случува со студентите вчера е јасен доказ колку е низок демократскиот капацитет на Никола Груевски. Меѓутоа мислам дека се уште има шанса да размисли добро и да преземе еден чекор којшто ќе биде во корист на Република Македонија, а тоа се слободни и фер демократски избори во којшто тој ќе биде сериозен губитник.

Значи, после тоа вчера што се случи СДСМ не размислува да ги напушти преговорите со ВМРО ДПМНЕ?

Секој ден по две до три глупоси се случуваат од ВМРО ДПМНЕ и од Никола Груевски. СДСМ како одговорна политичка партија, не може да носи одлуки врз основа на расположението на Никола Груевски, тој менува расположение пет пати дневно, како и неговата политичка партија. Ние сме конзистентни и посакуваме добро на Република Македонија, посакуваме иднина за граѓаните на Република Македонија и ќе направиме се, за тој договор од Пржино да заживее. Не, заради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку заради иднината на Република Македонија и за нејзините граѓаните. А, тоа што се случи вчера, затоа ги повикуваме и сите граѓани да се приклучат и да покажеме сериозен отпор, да покажеме дека има свест во македонското општество, којшто може да се спротивстави на оваа власт. Посебно во моментот кога чепка во иднината на Република Македонија, а тоа се во студентите.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК