(ВИДЕО) Спасовски: Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот

Од:

Чест ми е денеска што заедно со мојот колега од Чешката Република сме овде, во прифатниот центар во Гевгелија, поради тоа што имаме чешки полицајци кои заедно со македонските полицајци помагаат во обезбедување на државната граница. Тука сакам искрено да му се заблагодарам на министерот, заради можноста да имаме помош од Чешката Република. Сакам да им оддадам признание на македонските полицајците, на чешките полицајци и на сите други полицајци коишто се на јужната граница на Република Македонија, коишто премногу помагаат во овој период заради тоа што навистина состојбата со бегалската криза добива на интензитет, рече Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


 
Очекуваме дека ќе има мудра и соодведтна одлука на Европската Унија, на земјите членки на Европската Унија заради тоа што ние не можеме да бидеме решение сами по себе на овој проблем, заради тоа што не сме ниту извор на проблемот.
 
Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот, и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците, за да можат таму да остануваат. Секое друго решение коешто се бара на оваа рута не е решение.
 
Ние ќе можеме да примиме толку бегалци колку што ќе можат да примат земјите од западно-балканската рута, Србија , Хрватска и понатаму и во тој дел ќе се придржуваме на сите заклучоци коишто беа донесени на претходните состаноци, меѓутоа апелираме и сите држави подеднакво да се придржуваат кон овие заклучоци.
 
Ние сме должни да обезбедиме хуман третман на луѓето коишто бараат заштита во Република Македонија и транзит, меѓутоа исто така, треба да обезбедиме и стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија. Од тоа начело не можеме да остапиме во ниту еден момент. Македонија направи многу за оваа бегалска криза, благодарам на сите што ни помогнаа во овој дел, пред се на Чешката Република, на Вишеградската група , на земјите на Европската Унија и очекувам дека таа соработка и комуникација ќе продолжи и понатаму за доброто на сите нас, за доброто на Македонија и за доброто на сите држави.

Одговор на новинарско прашање:

Вие рековте дека Македонија е на оваа Балканска рута, први сте после Грција на удар, а спрема последните информации има скоро 20.000 бегалци во Македонија, очекувате ли некој огромен проблем,исто прашање и за господинот Министер од Чешка, ќе се превземе ли нешто конкретно да се застане, ова очигледно дека нема крај?
 
Јас реков дека ова е сериозен проблем, не само проблем за Македонија, сериозен проблем за сите држави од оваа рута. Ние мораме доследно да ги почтуваме заклучоците кои што беа донесени на сите средби на директори на полиција од регионот и само преку взаемна соработка, преку почитување на договореното ние ќе можеме да го олесниме овој притисок што ни се ствара од приливот на мигранти, нормално со подобрување на временските услови ќе се зголемува и бројот на мигранти, за тоа треба да бидеме свесни сите ние, и да преку взаемна координација која што треба да ја имаме со сите од Грција, па се понатаму. Да имаме јасна и прецизна одлука Европската Унија, како да постапуваме заради тоа што, ние се нафаќаме и сме подготвени да ги почитуваме одлуките на Европската унија кои што ќе значат ублажување на оваа бегалска криза, но меѓутоа исто така мора да ја штитиме Република Макеоднија, и безбедносниот систем. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес