(ВИДЕО) Спасовски: Ова е историски ден за нашата држава

Од:

Ова е историски ден за нашата држава и секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да станеме дел од НАТО и Европската унија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното гласање на гласачкото место во Куманово.

– Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца – рече Спасовски.

Министерот Спасовски рече дека гласањето почна без поголеми проблеми.

– Секако дека доколку се случи да имаме нарушување на процесот на гласање ќе интервенираме затоа што никој нема право да го загрозува процесот на гласање и никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин- рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО