(ВИДЕО) Спасовски: Нема да дозволиме амнестии, претседателот на Уставен суд да остане стожер на заштита на уставноста

Од:

Деновиве слушаме дека остатоците од режимот во судството покренуваат и некаква постапка пред Уставниот суд, со цел незаконските аболиции што ги направи Иванов, за да ги спаси криминалците, да добијат сега некакво зелено светло во Уставниот суд. Ние на тоа се спротивставивме и амнестии нема да дозволиме, рече на граѓанската трибина во Неготино, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Затоа ние од СДСМ и коалицијата поднесовме до Собранието барање за автентично толкување на член од Законот со коешто ќе обезбедиме да нема амнестија, никој да не може да биде амнестиран.

Од тука, од Неготино, ги повикувам сите пратеници од македонското Собрание, без разлика на која политичка опција или партија припаѓаат, посебно оние кои сметаат дека се чесни од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат колегите од СДСМ и да покажат дека се борат за правда и правичност. Дека ќе ги напуштат Груевски, Мицкоски, Јанкуловска, Мијалов и криминалите, рече Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ упати порака и до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да остане стожер на заштитата на уставноста и законитоста.

-Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок за ништо. Најголемата слава ја даваат граѓаните а тоа значи да обезбедиме правда и сигурност, рече Спасовски.

Нашата клучна битка денеска е битка за правда, против арамиите и криминалците, против остатоците на режимот во правосудството и ние таа битка ќе ја добиеме, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина На прав пат денеска во Неготино.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различни позиции, ние сме за правда тие не се. Затоа имаме различни гледишта за Законот за Јавно обвинителство. Ние бараме Закон со кој нема да биде привилегиран никој и сите ќе бидат еднакви пред законот и граѓани и политичари, судии и обвинители. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат Закон со кој ќе бидат амнестирани сите криминалци од нивните редови и никој да не одговара, но ние тоа нема да го дозволиме. Борбата против криминалот и корупцијата е клучна за иднината, сигурноста на граѓаните, истакна Спасовски на трибина во Неготино.

Сите знаете дека сите обвинети од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа ослободувани од остатоците од режимот во судството и затоа ни треба нов Закон за Јавно обвинителство кој ќе ја зајакне правната држава и ни треба ветинг во правосудството. Тоа вистински однос кон државата и граѓаните, посочи Спасовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он