(ВИДЕО) Спасовски: Нема да дозволам двојна команда во министерството

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека е отворен за соработка врз основа на принципите на законот за измени и дополнување на Влада и дека сака соработка со заменик министерот не доволна туку во рамки на законот.

-Неговите овластувања се многу јасни дека учествува за прашањата за изборите и само тие прашања кои се поврзани со кадровски правни прашања ќе треба да бидат заеднички потпишани. Јас стојам на тој став дека сакам да соработувам меѓутоа за да имате добра соработка потребни се две страни, вели Министерот за внатршени работи.

-Мојата цел е сосема друга, а тоа е да функционираме во министерството, да создадеме фер шанса и притоа да не се политизираат одредени активности и во тој дух ќе продолжам со работа.

Спасовски вели дека ќе настојува законските обврски да бидат исполнети и дека ќе настапува врз основа на неговите овластувања кои му се дадени.

-Се знае дека со Министерството за внатрешни работи раководи министерот и така ќе биде и понатаму, со органите кои ги водат било кој од началниците исто така раководи началникот и нема да дозволам двојна команда во ова министерство затоа што ќе биде на штета на интересите и на министерството и на граѓаните туку да секој според своите овластувања можеме да соработуваме. Нема и не е потребно да се остваруваат партиски агенди. Знам дека е тешко да дојдете од ВМРО-ДПМНЕ и да останете доследни на некаков сопствен став ако воопшто го имате туку треба да одработувате според агенда на политичката партија, меѓутоа јас сакам да ја тргнеме политиката бидејќи тоа е добро за безбедноста, граѓаните и државата, рече Спасовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци