(ВИДЕО) Спасовски: Нашето заедништво ќе го порази Груевски

Од:

„Помина времето на Никола Груевски и неговите послушници. Помина времето и на Никола Тодоров. Помина времето на неодговорно и своеволно владеење. После 10 години коруптивно владеење тие немаат право ништо повеќе да ветуваат. Се што остана од нивното владеење се пусти градови и села и преполни приватни сметки на рајските острови.

Буквално ги искрадоа буџетите и ги наполнија приватните сметки. Ги крчмеа парите на граѓаните како да се нивна своина. Колку побогата стануваше фамилијата на власт, толку посиромашни беа граѓаните.

И кога граѓаните го видоа нивното вистинско лице почнаа да зборуваат за наводни федерализации и двојазичност. Нешто што постои само во нивните пропагандни штабови. Мислеа дека со такви конструкции ќе го поразат ова заедништво кое од ден на ден станува се посилно. Мислеа дека ќе ја задушат нашата заедничка желба и визија за градење на подобра Македонија.

На ваквите конструкции добија конкретен и директен одговор, а тоа се луѓето кои масовно ни се приклучуваат и тука во Куманово, и во Гази Баба и во Чучер Сандево и во Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Липково, Арачиново, Шуто Оризари и Старо Нагоричане“, изјави Оливер Спасовски на синоќешната конвеција на кандидати на листата на СДСМ и кооалицијата во ИЕ 2.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он