(ВИДЕО) Спасовски на Регионалниот семинар–Борба против трговија со оружје и експлозиви во Западен Балкан

Од:

Борбата против сите облици на криминал е еден од стратешките приоритети и заложби на Владата на Република Македонија, а пред се на Министерството за внатрешни работи, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање на Регионалниот семинар –Борба против трговија со оружје и експлозиви во Западен Балкан – Примена на нови технологии во борбата против трговијата со оружје , што денес и утре се одржува во Скопје во организација на Министерството за внатрешни работи – Дирекцијата за меѓународна соработка на Република Франција во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Франција.

– Неопходно e интензивирање на соработката како на регионално ниво, така и пошироко. Oсобено важно е да се воспостави соодветен систем за евиденција и контрола на оружјето, кој ќе помогне во понатамошните постапки за пронаоѓање на оружјето со кое евентуално се сторило одредено кривично дело, а со тоа и самиот сторител на кривичното дело- рече Спасовски.

Како членка на Обединетите нации, Македонија во континуитет презема активности за реализирање на обврските кои што произлегуваат од релевантните конвенции и други документи во областа нa контролата на оружјето. Во таа насока Република Македонија во домашната регулатива доследно и целосно ги имплементира меѓународни документи, протоколи, договори од областа на оружјето, и експлозивните материи.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари