(ВИДЕО) Спасовски: Мора да вложуваме во безбедноста

Од:

Во касарната Илинден во Скопје денеска се одржа заедничка вежба на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министертвото за внатрешни работи (МВР) насловена како – „ВИП-2017“.

Целта на денешната вежба беше да се презентира заедничка реакција на Единицата за специјални задачи и Одделот за заштита на определени личности и објекти во ситуација кога има дирекно загрозување на безбедноста на одредена личност која е под заштита на МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на вежбата, на учесниците им додели плакети за успешно завршената вежба, и ја потенцира нивната професионалност.

– Денеска се покажа професионалноста, ефикасноста и подготвеноста на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Можеме да бидеме задоволни од она што го презентираа македонските полицајци. Тоа дополнително не обврзува нас како раководство на МВР да им создаваме услови за работа, да ги поддржуваме во професионалноста, се со цел да имаме безбедни граѓани и безбедна држава, рече министерот Спасовски.

Државата, потенцираше министерот, мора да вложува во безбедноста односно во материјално технички средства и во човечки ресурси.

– Мојата цел е преку разговор со припадниците на специјалните единици да носиме решенија и одлуки кои ќе бидат од интерес и за државата, но и коишто и тие ќе бидат задоволни, изјави Спасовски.

МВР најави дека и во наредниот период ќе се фокусира на обуката и тренажниот процес за јакнење на институционалните капацитети, процес кој во изминатиот период беше запоставен, посебно на оние единици кои во дадена ситуација директно треба да се справуваат со вакви и слични предизвици.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски