(ВИДЕО) Спасовски: Минско поле е кај Груевски, кај Заев е фитилот

Од:

„Цело време се поставуваат многу прашања од страна на провладините медиуми за одредени теми што многу добро ги знаат и секако дека едно од прашањата или повикот како наводно прашање, е, каде е бомбата на Заев?

Бомбата е кај Груевски и кај секој еден министер во оваа влада на ВМРО ДПМНЕ, испреплетено минско поле е, од криминал, од корупција, од рушење на демократијата и од рушење на Македонија. Само фитилот е кај Заев. И токму заради тоа тие се исплашени. Знаат како владеат овие осум години и каква штета и нанесуваат на државата на сметка на своите лични и фамилијарни интереси“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на вчерашната трибина во Струмица.

„Не прашуваат исто така преку провладините медиуми, преку провладини новинари, преку новинарите на кои им ја одзедоа слободата да можат слободно да се изразуваат, таму каде што треба да пофалат, да пофалат, таму каде што треба да критикуваат, да критикуваат – дали ние сме биле единствени? Дали сите заедно од опозицијата сме тука? Дали можеби има луѓе кои сакаат да ни се приклучат.

А, добро го знаат одговорот.

И дека сме единствени и дека сме заедно.

Не што сме заедно, ние сме решени до крај да истраеме во борбата да падне оваа ненародна власт.Решени сме, не заради власт, сме решени заради Македонија и идните генерации“, вели генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски