(ВИДЕО) Спасовски: Ќе покажеме дека Македонија има шанса

Од:

„Се измени Изборниот законик пред изборите минатата година, имаше можности да се реагира на одредени работи кои што ни се случуваа во изборниот процес. Меѓутоа, силната партизација на државата, силната партизација на сите регулаторни и надзорни тела во Република Македонија, не создава можност. Едноставно, се’ што доаѓа од страна на опозицијата е одбиено“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината во Кичево.

„Не реагира Антикорупциската комисија, не реагира Агенцијата за електронски комуникации, не реагираат судовите во Република Македонија. И денеска се гледа зошто тоа е така направено. Денеска сопругата на претседателот на Антикорупциска комисија се вработува во државната администрација.

Можеме декларативно да кажуваме дека ќе се бориме да создадеме чесни односи во Република Македонија, меѓутоа со вакви партиски тела и партиска држава, нема да можеме тоа да го оствариме.

Втор еден пример ќе дадам, што ни’ се случи во изборите.

Поднесовме тужба до Управниот суд за еден човек кој што се најде на Избирачкиот список, а беше починат. Со Извод од матичната книга на умрени, тужба до Управниот суд. За два часа, експресно, не’ повика судијката и ни одговори дека тужбата била неоснована, дека човекот е жив и треба да биде на избирачкиот список. А, истиот државен орган донел извод дека човекот е починат.

И навистина, ако не е трагично би било комично и смешно, меѓутоа е трагично затоа што ова и’ се случува на Македонија. Затоа мораме да ги смениме работите.

Студентите пред неколку дена тоа го покажаа. Ја оживеаја Република Македонија и навистина заслужуваат респект и почит. Денеска гледам и слушам како Груевски бара да има цензура на YouTube, да не се гледа колку студенти имало на тие протести. Меѓутоа, џабе е. Младите луѓе во Република Македонија го кренаа сопствениот глас заради неправдата која што ги снајде.

Ве повикувам сите заедно да се вклучиме масовно во сите проекти, сите активности на СДСМ и на опозицијата и преку едно заедништво, преку една цврстина и пред се’ преку храброста, да покажеме дека Македонија има шанси“, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ