(ВИДЕО) Спасовски: Изборите беа кристално чисти, ДИК да ги соопшти резултатите

Од:

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вчерашните предвремени парламентарни избори ги опиша како кристално чисти, фер и демократски.

„Изборот е направен, насоката е потврдена, Северна Македонија продолжува на правиот пат во сигурна и европска иднина“, рече Спасовски во владиниот прес центар.

Тој истакна дека Државната изборна комисија е должна да излезе на прес конференција и да ги соопшти резултатите.

„Упатувам благодарност до институциите вклучени во организацијата и спроведувањето на изборите. Посебно упатувам благодарност до Комисијата за заразни болести за успешно донесените избори за заштита на јавното здравје“, рече тој.

Според Спасовски, победник на вчерашните избори е секој гласач, а нашата земја докажала дека е заслужено членка на НАТО.

На новинарското прашање, дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ, Спасовски одговори дека тоа е прашање кое што треба да биде упатено до партијата.

„Тоа е прашање на политички проценки и политички договарања. Се што е потребно да се направи за доброто на државата и граѓаните, мора да се направи во наредниот период, да докажеме дека интересот на граѓаните е во прв план“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште