(ВИДЕО) Спасовски: Иванов веднаш да го даде мандатот и да престанат со Груевски да поттикнуваат насилство!

Од:

„Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на парламентарното мнозинство од 67 пратеници предводено од СДСМ.

Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот.

Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните.

Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања.

Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија.

Токму поради ова Груевски беше поразен на 11 декември од огромно мнозинство од 700 илјади граѓани.

Граѓаните избраа да живеат заедно. Го избраа концептот едно општество за сите. Не сакаат поделби. Не сакаат изолација. Не сакаат нови избори.

Сакаат повисока минимална плата и зголемување на просечната плата, квалитетно образование и здравство, држава во служба на граѓаните и правда за сите!

Промените започнаа и ниту Груевски, ниту Иванов нема да ги спречат! Македонија ќе ја добие новата Влада предводена од Зоран Заев“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски