(ВИДЕО) Спасовски: Граѓаните да пријавуваат притисоци во изборната кампања

Од:

Граѓаните да пријават каков било притисок во текот на изборната кампања, апелира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Струмица каде го посети Секторот за внатрешни работи.

Спасовски порача и дека полициските службеници не смеат да учествуваат во ничија партиска кампања, туку напротив, треба сериозно да внимаваат на какви било злоупотреби од државната администрација или од директори на подрачните единици и доколку забележат таков случај, да го процесуираат.

– Заради иднината на Македонија е многу важно да имаме фер и кредибилен  изборен процес, а тоа ќе го оствариме само доколку имаме професионално работење од страна на припадниците на МВР од една, и партнерски односи со граѓаните од друга страна, истакна Спасовски.

Посетата на СВР – Струмица е дел од посетите што ги реализира министерот во секторите за внатрешни работи низ државата за одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите, но и, како што истакна, за уште еднаш да потенцира дека не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на престојните избори.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ