(ВИДЕО) Спасовски до Вељаноски: Ако сакаме да го изиграме Деловникот ќе ве консултираме

Од:

Барам член кој може да го поништи Член 78 од Деловникот, денеска е девети ден, а се уште немаме претседател на Собранието, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Откако претседавачот Трајко Вељаноски се обиде да го протолкува деловникот онака како што нему му одговара, Спасовски му кажа дека немаат потреба од негов совет.

– Ако сакаме да го изиграме деловникот, ќе ве консултираме. Со поддршка од најмалку десет пратеници, пратеник може да побара измена на дневниот ред и јас се повикав на тоа, рече Спасовски.

Дебата во Собранието од почетокот на деветото продолжение на конститувната седница е единствено помеѓу Оливер Спасовски и Илија Димовски.

Додека СДСМ и коалицијата бараат да се премине на изборот на претседател, Димовски им кажа дека ако се обидат да го изиграат деловникот ќе имале последици.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање