(ВИДЕО) Спасовски до Богатинова: Манипулирате, затоа е потребна регулација на медиумите

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто на Канал 5 на уредничката Лидија Богатинова и кажа дека токму телевизијата каде што работи и која зема 4 милиони евра народни пари од Владата допринесува да имаме навистина пропагандистички настроени медиуми кон одредени политички партии. Ова беше испровоцирано поради упорното инсистирање на Богатинова, министерот да одговори зошто не ги враќа на старите позиции разрешените кадри во МВР, иако неколку пати и повтори дека решението на Управниот суд не се однесува на тоа.

Смените во министерството за луѓе кои беа поместени надолу, иако Управниот суд ги укина сепак направивте уште три смени?
Не е точно дека Управниот суд ги укинал со решение, и со тоа манипулирате и вие и сите затоа што има времена мерка за запирање на сите процеси, рече Спасовски.

Дали се вратени луѓето на првобитна состојба?

Апсолутно не е тоа решениетo на Управниот суд, управните постапки се водат за конкретни акти и не важат за другите.

Зошто не ги вратите во првобитна состојба како пред Нова Година состојбите во МВР?

Повторно манипулирате, ви ги кажувам фактите, ако сте ги виделе решенијата ќе знаевте дека Управниот суд не ги укина решенијата и не ја врати состојбата како пред Нова Година. Не го толкувајте решението, земете прочитајте го, разбирам дека имате задача вие да спинувате, како што впрочем во последните месец дена имате 7.748 секунди позитивни вести вест за ВМРО-ДПМНЕ и 4.633 негативни вести за СДСМ. Затоа ви кажувам информациите да ги проверувате и такви да ги презентирате.

Ова е уште еден факт зошто мора да има реформи во медиумите. Се обидувате да манипулирате зашто си ги толкувате решенијата како што сакате. Затоа е потребно реформи во медиумската сфера, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ