(ВИДЕО) Спасова: СДСМ со граѓаните продолжува да се бори против рудниците

Од:

СДСМ како одговорна, државотворна партија, постојано работи за граѓаните и нивните интереси. Борбата против рудникот во Иловица, што СДСМ со граѓаните ја води против рудникот во Иловица, продолжува. Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која е укинато спојувањето на концесиите за рудниците во општина Босилово и Ново Село. Тоа е одлука што директно го штити интересот на жителите на овие општини, но и на целиот Струмички регион, изјави Љубица Спасова, пратеничка на СДСМ.

– Концесиите за рудниците се дадени од страна на ДПМНЕ во 2012 година и само поради одлучноста на СДСМ, денес рудниците се уште не се отворени и нема да се отворат, ако граѓаните тоа не го сакаат. Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ. Уште од првите месеци од мандатот СДСМ презема мерка за да нема рудници на смртта во Македонија, рече Спасова.

Таа додаде дека во јуни 2019 година Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.

– СДСМ, како дел од Владата и парламентарното мнозинство, ќе ги искористи сите механизми за да спречи отворање рудници, без разлика дали ќе треба да се плаќаат пенали или не. Силно сме посветени да ги заштитиме граѓаните, да го сочуваме нивното здравје и да обезбедиме квалитетна животна средина. Продолжуваме да го слушаме гласот на граѓаните – изјави Спасова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел