(ВИДЕО) Спасов: Ново Село ја направивме европска општина

Од:

Сојузот за иднината ги промовираше кандидатите за градоначалници во струмичкиот регион.

Петар Спасов, по втор пат како кандидат за градоначалник на општина Ново Село пред своите граѓани и поддржувачи, вечерва на плоштадот во Струмица ги испорача своите заложби за поубава иднина на општината.

Актуелниот градоначалник на општина Ново Село и кандидат за втор мандат, Петар Спасов, рече дека голема е честа и одговорноста да се биде градоначалник од редовите на СДСМ, затоа што градоначалниците од оваа партија имаат јасна визија и одговорност да не отстапат од својот пат, општините да ги направат добро место за граѓаните по европски терк.

Јас како градоначалник го направив тоа во мојата општина и како валоризација на тоа ја добив повторно кандидатурата за уште еден мандат. Мојата општина ја нарекуваат врата на Европа бидејќи ние сме најблиску до Бугарија која е членка на ЕУ. Ама кога доаѓаат од таму луѓето не знаат од која страна на границата е Европа, бидејќи општина Ново Село ја направивме европска. А, што да кажеме кога доаѓаат во Струмица, како да доаѓаат во европска метропола, рече Петар Спасов.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември