(ВИДЕО) СП: Ова ли е екстерното што го ветувавте министре Адеми?

Од:

Четврти ден како се спроведува екстерното тестирање во основните и средните училишта како не стивнуваат реакциите од сите грешки и недоследности. Денеска се огласи Средношколскиот пленум кој тврди дека една од најлошите реформи во образованието е токму екстерното тестирање.

– Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат процесот и оваа година. До Средношколскот пленум пристигнуваат голем број поплаки од многу средношколци кои се однесуваат на технички пропусти и нерегуларности. На пример се појавува прашање на албански јазик а одговорите се дадени на македонски јазик, во друг случај, прашањето е на албански јазик, има еден одговор на англиски, а два одговори воопшто нема.

Сакаме уште еднаш да го прашаме министерот Адеми дали екстерното тестирање треба вака да изгледа како што сега изгледа и дали е ова тоа екстерно кое ни го ветуваше нам на средношколците и на целата јавност. Она екстерно тестирање на кое нема да има нерегуларности и технички пропусти и дали не му е барем малку срам од неговите грешки и од грешките на луѓето во неговото Министерство, со кои учениците се оштетени и деградирани, вели Александар Милески од Средношколскиот пленум.

Од Средношколскиот пленум информираат дека за овие четири дена екстерно тестирање поднесени се многу приговори, а по објавувањето на резултатите ќе им уште поголем број пиговори.

Естерното тестирање предвидува околу 50 000 прашања од сите предмети. ќе се спроведува до 10 јуни, а за оваа учебна година ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Укинувањето на екстерното тестирање беше едно од барањата на средношколците кои ја бојкотираа наставата и три недели кампуваа пред вратите на Министерството за образование. Тие го предлагаа словенечкиот модел каде што се полага анонимно, а оценката не фигурира во свидетелството, но Министертвото не прифати ниту еден предлог.

А.Б.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска