ВИДЕО: Состанок на секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“

Од:

За да се постигне социо-економски развој во Република Македонија потребна е директна координација помеѓу политиките за вработување и образовните политики.

Во таа насока, денеска во Владата на Република Македонија се одржа работен состанок на секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“. Покрај националните институции, за прв пат учествуваа и претставниците на донаторската заедница, како и претставници на граѓанските организации, со што ќе се овозможи подобра координација помеѓу институциите и донаторите на политичко и техничко ниво.

Секторската група ја координираат Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука. Воведни обраќања имаа министерките Царовска и Дескоска, и Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.

МТСП ги претстави клучните предизвици и планови – реформата на системот за социјална заштита, деинституционализацијата, мерките за вработување и зголемување на вработливоста, родовата еднаквост, раниот детски развој и решавање на прашањето на лицата без документи.

Министерството за образование и наука е фокусирано на реализација на Стратегијата за образованието 2018-2025, односно реформата во предучилишното, основното и средното образование, хармонизацијата на образованието со пазарот на труд, инклузивните образовни практики и воспоставување на систем за евалуација и обезбедување на квалитет во високото образование.

Целта на оваа секторската група е да се канализира секторскиот дијалог за да се осигура заедничката работа на приоритетните мерки и политики во секторот „Образование, вработување и социјална политика“, и да се воспостави усогласеност и синергија помеѓу разните иницијативи. Исто така, преку ваквиот пристап, буџетските средства и целата помош и ресурси што стојат на располагање, ќе се користат целисходно, транспарентно и на најдобар начин за остварување на зацртаните политики.

Владата се заложи до 2019 година, да воспостави целосно координиран секторски пристап помеѓу сите институции, донатори и партнерски организации.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски