(ВИДЕО) Состанок на лидерите на Западен Балкан: Добрососедските односи донесоа повеќе придобивки

Од:

Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа состаноците за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан донесе повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот е еден од заклучоците на третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана.

Состанокот, како што информираат од владината прес-служба, започна со работниот дел на кој претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ го разгледаа напредокот на спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад.

-Трагедијата предизвикана од земјотресот во Драч поттикна взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите од Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување, се вели во соопштението од Владата.

Со поттик од иницијативата за соработка во регионот, се додава, завршија преговорите меѓу Република Србија и Северна Македонија и наскоро ќе започне градбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, до следниот состанок на оваа иницијатива во Белград, царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.

-Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот, велат од Владата.

Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба, потенцираат, го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот.

На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.

Би можело да ве интересира

Стартува со работа акцелераторот за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Ана Ололовска

Пленковиќ: Проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред

Драган Поповски

Мишел: Ќе разговараме за продлабочување на партнерството помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Драган Поповски

Во ИД војувале 1.200 терористи од Балканот

Ана Ололовска

Групата „Да ја обновиме Европа“ бара специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји пред ЕП: Скопје и Тирана да добијат датум за почеток на преговорите пред состанокот во Загреб во мај

Драган Поповски