ВИДЕО: Сообраќаен хаос во Скопје, заглавено остана и возило на Брза помош со вклучени ротации

Од:

Од Центар до Аеродром на граѓаните им треба по скоро еден час за да ја поминат трасата. За од Кисела Вода до раскрсницата кај Веро Џамбо требаат и до 20-30 минути. На оваа локација, попладнево имаше заглавено и возило на Брза помош со вклучени ротации кои ја сигнализираа итноста да се движи побрзо поради транспортирање на пациент. Центарот на градот исто така беше блокиран со возила. Ваква е сликата во Скопје денеска, но и честа во изминативе години.

Ова не се случуваше само во попладневните часови, туку во текот на целиот ден. Истото е последица на тоа што се реконструира булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“. Бидејќи не можат да се движат возила по овој булевар во правец кон Аеродром, концентрацијата на гужва е по другите булевари како што е „Гоце Делчев“, раскрсницата кај Бит Пазар, а ништо подобро не е и на „11 октомври“.

Заглавено во гужвите попладнево беше и возило на Брза помош. Возачот проба со ротации и свирежи да побара возачите на автомобилите да се тргнат на страна, но тоа беше невозможно со оглед дека булеварот беше целосно закочен.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ