ВИДЕО: Со интервенција на ДИК, гласањето во избирачките места во Кочани продолжува

Од:

Избирачките места 837, 845, 848, 850 и 852 во Кочани, во кои гласањето беше прекинато или пак воопшто не започна, повторно беа отворени во 9 часот и 45 минути.

„Поради технички причини, пет избирачки места беа затворени поради грешки во избирачките списоци. Контактиравме со Државната изборна комисија и пречките се отстранети. Беа однесени дополнителни страници од избирачките списоци, така што прекинот, кој беше настанат во 7 часот и 30 минути, беше решен. Поради прекинот во овие избирачки места , гласањето ќе биде продолжено за толку време колку што траеја прекините“, изјави претседателката на Општинската изборна комисија, Ирина Хаџиева.

До 10 часот, од вкупно 32.608 регистрирани гласачи, своето право на глас го оствариле 4045 гласачи, што изразено во проценти изнесува 12,45. Во овој процент не влегуваат гласачите од избирачките места што не беа навремено отворени.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада