Снимки од пожарот во Чаир: од чадот не се гледа ниту улицата

Од:

Изгаснат е стравотниот пожар во скопската населба Чаир, кој избувна попладнево околу 17 часот, а интервенираа осум противпожарни возила.

Од снимките на „А1он“ може да се види дека целата улица „Цветан Димов“ била зафатена од чад и дека видливоста е видно намалена.

Во моментов, на лице место нема веќе противпожарни екипи.

Огнот зафатил два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица, како што извести МВР, нема, а причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски