(ВИДЕО) Смилеска: Рекордни 625 милиони евра странски инвестиции во 2018

Од:

„Патот до членството во најмоќната светска алијанса –НАТО, го чекориме заедно. Заедно ги надминавме сите пречки и предизвици на тој пат.

Јасно и гласно порачуваме дека Република Северна Македонија, станува 30-та земја членка на овој најмоќен светски сојуз. Ратификацијата на Протоколот за членство на нашата држава во НАТО, е во полн ек во парламентите на земјите членки“, рече Кети Смилеска – Пратеник во Собрание на РСМ.

„Членството во НАТО, не само што значи стабилност, цврсти граници и безбедна иднина за нашите деца, ами значи и нови инвестиции кои носат нови работни места, развој на економијата и бизнисот.

Бројни економски параметри покажуваат дека за само една година од напредокот во интеграциите, ратификацијата на Протоколот и успешните политики на Владата предводена од СДСМ, нашата економија е сериозно придвижена, а економските придобивки се реални и видливи.

За само една година, просечната плата порасна за 7,5 отсто, односно од 23.850 денари колку што изнесуваше во декември 2017, е зголемена на 25.784 во декември 2018 година 2018 година ќе остане запаметена по историски највисокиот износ на странски директни инвестиции кои достигнаа скоро 625 милиони евра.

Државничките и одговорни политики на СДСМ, ја намалија и стапката на невработеност во државата на 19.4 во последниот квартал од 2018 што е значително намалување во однос на истиот период од 2017 кога изнесуваше 21,9 отсто.

Влезот во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ уште повеќе ќе го забрзаат економскиот раст, економијата ќе стане поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе расте бројот на новоотворени работни места, ќе растат платите, а се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.

Ова се многу силни причини младите да ни останат тука во државата. Тука да творат, да работат и да ги уживаат европските благодети.

Затоа, почитувани сограѓани, вашиот глас за Стево Пендаровски е најдобрата инвестиција за државата. Претседателот Пендаровски ќе биде гарантот за нашиот заеднички напредок и нашата заедничка иднина во европското семејство“, изјави Кети Смилеска – Пратеник во Собрание на РСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните