(ВИДЕО) Смаиловиќ: Над 27.000 деца добиваат детски, а над 8.600 деца добиваат образовен додаток

Од:

„Имплементирањето на мерките предвидени во Изборната програма од 2016-та година и бенефитите што ги добиваат најранливите категории на граѓани и граѓанки покажува дека навистина сме на прав пат!

Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за извлекување од сиромаштијата.

Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања“, рече Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

„Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019та година, детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.

До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно. Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд.

Веќе за 2020та година предвидени се 600 милиони денари за исплата на детски додаток, а 672 милиони денари за образовен додаток.Почитувани,Грижата за нашите сограѓани и сограѓанки кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите.На прав пат сме!“, изјави Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме