Сакаа да нaметнат дека е постигнат договор со средношколците. Не, не е постигнат догвоор и нема да биде се додека не не повикаат на средба. Ние сме тие што во еден глас викаме-Стоп за лошите реформи во образованието.
-Цело време не држат уплашени, не држат со лаги, ни велат дека ќе ни го земат домот, лебот и ќе ни ја скршат вилицата. И се додека се плашиме се додека молчиме тие ќе газат врз нас. Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот. Ние ќе ја издвојуваме нашата слобода, ќе го надминеме стравот, а слобода е кога ќе се видат средношколците на улица, рече Марјан Наумов од средношколскиот пленум.
Го мразиме вашите партиски книшки, нас не можете да не купите. Ние сме иднината, тие кои треба да успеат за да успее нашата земја.
Не сакаме да не третираат како експериментални заморчиња. Има повеќе законски измени во образованието отколку што ние имаме страници во учебниците. Не им се плашиме, ние сме иднината, рече Наумов.
Не сакаме да бидеме уште една тула во ѕидот на лошите реформи, ги менуввате учебниците на секои пет минути. Доста зборувавте вие, време е да се слушне нашиот глас и порачаа на Владата.
А.Б.