ВИДЕО: Следната недела ќе биде донесена пресуда за заканувачот Емил Јакимовски

Од:

Судот по предлог на обвинителката Наташа Сарамандова ја исклучи јавноста од судењето за заканувачот Емил Јакимовски бидејќи информациите кои ќе се изнесуваат се од доменот на интимниот живот на обвинетиот и оштетените.

Судијката Џенета Бегтовиќ откако ја исклучи јавноста, најави дека пресудата треба да се очекува за околу една недела.

Обвинетиот Јакимовски штом влезе во судницата, пред камерите со раката го направи знакот кој означува “обединета Македонија” и кој често го користат членовите на ВМРО ДПМНЕ како симбол за единство меѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија.

Оштетени во спорот се неговата поранешна сопруга Драгана Јакимовска и новинарката Мери Јордановска.

Емил Јакимовски се товари за семејно насилство и загрозување на сигурноста со сериозна закана кон неговата поранешна сопруга и за закани упатени кон новинарката Мери Јордановска.

Би можело да ве интересира

Една година и осум месеци затвор за заканувачот Емил Јакимовски

А1он

Пресудата за заканувачот Емил Јакимовски ќе биде донесена на 16 март

Искра Манојлоска

Продолжен притворот на заканувачот Емил Јакимовски, пресудата на 6 март

А1он

(ВИДЕО) Митровски: Јакимовски е опасен за себе и околината, притворот му е одреден бидејќи може да го повтори делото

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Заканувачот Јакимовски од затвор давал инструкции како се поставуваат вести на сајт, полицијата му нашла телефон во ќелија

Кристијан Ландов

Заканувачот Емил Јакимовски доби уште еден месец притвор за заканите и семејното насилство