(ВИДЕО) Славески: Со СДСМ и ДУИ економијата стагнира, денарот за две години е обезвреднат 25% а ВМРО-ДПМНЕ креира поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисот и сите производни сектори со цел подобар животен стандард

Од:

Денес во Општина Велес се одржа дебата економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“, на која свое обраќање имаше Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека важно е животниот стандард и економијата да растат, дека со СДСМ и ДУИ економијата стагнира а македонскиот денар за само две години е обезвреднат за 25%, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап и ќе ги поддржи бизнисмените, ќе се идентификуваат и ќе се поддржат сите производни сектори, особено извозните со цел подобар животен стандард на граѓаните.

„Во последните 15 години светот помина низ две големи глобални кризи, 2008/9 и оваа со пандемијата, во време на првата финансиска и економска криза на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и според сите меѓународни институции Македонија помина најдобро и најбезболно во текот на таа криза. Сега сме најлоши од аспект на справување со кризата по пандемијата која што многу пократко траеше од онаа претходната. Тоа зборува за пристапот за капацитетот што може една влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ да го испорача, да ги поттикне сите потенцијали во земјата и да ги заштити македонските граѓани. Најважно за животниот стандард е економијата да расте. Производството и на стоки и на услуги.

Славески посочи и дека економијата изминатиот период стагнира а за само две години 2022, 2023 година денарот бил обезвреднет за 25 %.

„Најважната работа за оваа стагнација е еден психолошки фактор. Во 2006, 2007, 2008 година подемот на економијата, кога имавме стапки на раст над 5%, 6 %, буџетот пливаше во пари, приходите беа високи тоа се должеше на тоа што влеавме верба кај граѓаните. Ни веруваа луѓето кога ќе се подигне духот и на бизнисмените и на домаќинствата на граѓаните тие и од економска гледна точка ќе бидат многу продуктивни. Тоа ќе се случи и со промената на власта и ќе придонесе за развој на продуктивноста. Кога сме кај предусловите за раст ние мораме да се справиме со инфлацијата. За само две години 2022, 2023 година нашиот ценет денар беше обезвреднет за 25 %. Тоа значи 25 проценти помалку сите што штеделе, сите пензии, сите плати што не биле доволно покачени инфлацијата ги изеде. Не растеше економијата“ нагласи Славески.

Славески посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи бизнисмените да се идентификуваат и ќе ги поддржат сите производни сектори, особено извозните а за тоа има и стандардни мерки а ќе се воведат и нови.

„Под влијание на ултра левичарски ориентирани економисти уште 2014-2015 година СДСМ не убедуваше дека економијата ќе расте ако расте потрошувачката ако се троши од буџетот од секаде и еве го видовме резултатот. Ние имаме сосема друг пристап. Пристапот е да се поддржат бизнисмените да се идентификуваат и да се поддржат сите производни сектори, особено извозните а за тоа има и стандардни мерки а ќе воведеме и некои нови. Треба целосна ревизија на некои политики од претходната влада и некои институции на пример фондот за иновации каде се делени пари без никаков ефект дури и за смешни проекти. Докапитализација или оспособување на банката за поддршка за извозот односно на развојот, со линии достапни од европска инвестициска банка за да дојдеме до прифатливи услови за кредитирање на бизнисот. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и на заштита на конкуренцијата која што е многу важна во пазарната економија“ истакна Славески.

Би можело да ве интересира

Советот на Скопје ќе одржи итна седница поради колапсот на јавниот превоз

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје

Славески: Градоначалничката бара свикувања на итна седница на Советот на Град Скопје за вработувања кои не и беа дозволени претходно

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

Арсовска: Мицкоски да им каже на неговите советници како да гласаат и да одржиме седница

A1on